• понеделник, 23 декември 2024

Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна со претставници на американски компании

Кинескиот претседател Си Џинпинг се сретна со претставници на американски компании

Пекинг, 27 март 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со претставници на американската деловна, стратешка и академска заедница во Пекинг.

На состанокот, кој беше организиран од Националниот комитет за американско-кинески односи, американско-кинескиот деловен совет и аналитичкиот центар „Asia Society“,  биле поканети 20-тина компании, а разговорот траел околу 90 минути.

Според извештаите на кинеските медиуми, на разговорите присуствувале Стивен Шварцман, ко-основач и извршен директор на приватната компанија „Блекстон“, Раџ Субраманиам, директор на американската компанија FedX и Кристијан Амон, директор на производителот на чипови Qualcomm.

Кина оваа година е насочена кон економски раст, откако странските инвестиции во земјата паднаа за осум отсто минатата година, бидејќи загриженоста на инвеститорите се зголеми поради законите за антишпионажа, полицискиот час и рациите на консултантски фирми.

На претходната средба на Си со странските деловни лидери во Сан Франциско во ноември, кинескиот премиер беше пречекан со овации на гала вечера. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан