• четврток, 04 декември 2025

Кинескиот премиер се сретна со севернокорејскиот колега, повика на зајакнување на соработката

Кинескиот премиер се сретна со севернокорејскиот колега, повика на зајакнување на соработката

Пјонгјанг, 11 октомври 2025 (МИА) – Кинескиот премиер Ли Чијанг на денешната средба со својот севернокорејски колега, Парк Тае-Сонг, изјави дека Пекинг е подготвен да соработува со Пјонгјанг за да го истражи потенцијалот за практична соработка и да го зајакне развојот на двете земји, јавија кинеските медиуми.

Ли потсети дека за време на неодамнешната средба во Пекинг, кинескиот и севернокорејскиот претседател Си Џинпинг и Ким Џонг-Ун постигнаа серија договори за продлабочување на односите меѓу двете земји и нивните комунистички партии, јави новинската агенција Синхуа.

Кинескиот премиер додаде дека Пекинг е подготвен да работи на спроведување на овие договори со цел зајакнување на односите, стратешката комуникација и меѓусебната политичка доверба. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан