Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на мини-турнеја низ Европа
- Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји неделава ќе оди на мини-турнеја низ Европа и ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, соопшти денеска кинеската дипломатија.
![Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на мини-турнеја низ Европа](https://mia.mk/images/20250210121809_big_730x400_13.webp )
Пекинг, 10 февруари 2025 (МИА) - Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји неделава ќе оди на мини-турнеја низ Европа и ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, соопшти денеска кинеската дипломатија.
Наречена „Давос на одбраната“, конференцијата во Минхен, која ќе се одржи од 14 до 16 февруари, ја обединува елитата на глобалната геополитика.
Ванг ќе престојува и во Велика Британија и Ирска. Кинескиот министер потоа се очекува во ОН во Њујорк на состанок за глобалното управување, а на 20 и 21 февруари во Јужна Африка ќе учествува и на министерскиот состанок на Г20. рп/
Фото: МИА архива