• недела, 22 декември 2024

Кинескиот град Баикса во карантин поради Ковид-19

Кинескиот град Баикса во карантин поради Ковид-19
Пекинг, 7 февруари 2022 (МИА) - Јужниот кинески град Баикса, кој има 3,5 милиони жители, е затворен по појавата на случаи на Ковид-19, во време кога земјата е домаќин на Зимските олимписки игри. Од синоќа жителите на Баиска повеќе не можат да го напуштаат градот, а на оние кои живеат во така наречените ризични зони, каде што се откриени случаи на зараза со Ковид-19, не им е дозволено да ги напуштат домовите, соопштија градските власти. Баиска, кој е на околу стотина километри од границата со Виетнам, вчера забележа 44 случаи на заразени со Ковид-19 од локално потекло. Пријавени се и голем број „увезени“ случаи на инфекција. Властите соопштија дека е организирано тестирање на населението. ми/

Остани поврзан