• четврток, 21 ноември 2024

Кинеска ракета се распаѓа во вселената, загрозувајќи повеќе од 1.000 сателити

Кинеска ракета се распаѓа во вселената, загрозувајќи повеќе од 1.000 сателити

Пекинг, 10 август 2024 (МИА) - Кинеската ракета што се распадна во вселената оваа недела создаде повеќе од 700 парчиња отпад, ставајќи повеќе од 1.000 сателити и други објекти во орбитата на Земјата во опасност од судири, соопштија денеска аналитичарите.

Кинеската државна компанија Шангај спејс сателајт технолоџи (SSST) лансираше 18 интернет сателити во орбитата во вторникот, како прв дел од комуникациската мрежа што ќе се натпреварува со Старлинк на Спејс Икс.

Горниот дел од ракетата, кој ги доведе сателитите во орбитата, се чини дека експлодирал набргу по ослободувањето на товарот, создавајќи остатоци. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан