• понеделник, 23 декември 2024

Кинезите го освојуваат рускиот автомобилски пазар

Кинезите го освојуваат рускиот автомобилски пазар

Пекинг, 5 мај 2023 (МИА) - Кинеските производители на автомобили забрзано го освојуваат рускиот пазар по егзодусот на европските, американските, јапонските и јужнокорејските производители, соопшти француската консултантска компанија за автомобилскиот сектор „Иновев“.

Кина се вклучи за да ја пополни празнината што ја остави повлекувањето на познатите странски брендови откако западните сили воведоа економски санкции кон Москва поради нејзината инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Пазарната анализа на француската консултантска компанија покажа дека кинеските производители на автомобили моментално имаат удел од 42 отсто од продажбата на нови автомобили во Русија.

По почетокот на војната во Украина, според експертите од автомобилската индустрија, рускиот пазар падна од просечни 140.000 продадени возила месечно на околу 40.000 месечно. Руските производители на автомобили добро се држат и покрај економските турбуленции, оценува „Иновев“, но обемот на продажба на кинеските компании сега е еднаков со обемот на најголемиот руски производител на автомобили „АвтоВАЗ“

Во првиот квартал од оваа година кинеските компании продале 64.432 марки на автомобили и лесни комерцијални возила, покажуваат податоците на „Иновев“.

Во истиот период лани тие продадоа 24.734, а во првиот квартал од 2021 година 18.981, додаде француската консултантска куќа. сд/

Остани поврзан