• петок, 05 декември 2025

Кина ќе ги зголеми повратите на даноци за странските туристи за да ја зголеми потрошувачката

Кина ќе ги зголеми повратите на даноци за странските туристи за да ја зголеми потрошувачката

Пекинг, 27 април 2025 (МИА) - Кина денеска соопшти дека ќе ги зголеми повратите на даноци за странските туристи за да ги зголеми нивните трошења.

Во заедничко соопштение на Министерството за трговија на Кина и другите министерства се вели дека минималниот дневен лимит за трошење странски турист во една продавница за да се квалификува за враќање данок сега е намален на 27,45 долари (200 јуани), во споредба со 68,62 долари (500 јуани).

Се истакнува дека Кина ќе го промовира проширувањето на продавниците за враќање данок за странски туристи во трговските зони, туристичките места, аеродромите и хотелите. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан