• недела, 22 декември 2024

Кина повика на воздржаност во врска со нуклеарната програма на Иран

Кина повика на воздржаност во врска со нуклеарната програма на Иран
Пекинг, 5 јануари 2021 (МИА) - Кина повика на воздржаност на сите страни вклучени во спорот околу иранската нуклеарна програма, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг, во врска со најавата на Техеран дека ќе започне со производство на 20 отсто збогатен ураниум. - Ситуацијата со иранската нуклеарна програма и натаму е сложена и чувствителна. Ги повикуваме сите инволвирани страни да бидат воздржани, да вложат максимални напори за одржување на Заедничкиот сеопфатен акциски план (JЦПОА) и да не се повлекуваат. Ги повикуваме сите да обезбедат доволно простор за маневар за дипломатски напори, рече Хуа. Како што пренесува агенцијата ТАСС, таа додаде дека Кина очекува од Соединетите Американски Држави да се вратат на примената на одредбите на JЦПОА „што е можно поскоро“ и да ги укинат санкциите против Иран. САД еднострано се повлекоа од договорот на големите сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) кој предвидуваше повлекување на Иран од нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите. По повлекувањето од договорот, САД воведоа дополнителни санкции за Иран. паг/

Остани поврзан