• четврток, 26 март 2026

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Пекинг, 31 октомври 2025 (МИА) – Кина денеска го лансираше вселенското летало „Шенџоу-21“, кое треба да ги транспортира тројцата астронаути до кинеската вселенска станица „Тјангонг“.

Леталото полета од Центарот за лансирање сателити Џијучен, северозападна Кина.

Тоа е седма мисија на кинеската вселенска станица, откако е отворена во 2022 година.

Со „Тјангонг“ управува Кинеската агенција за летови со човечки екипаж. ми/

фото: Икс

Остани поврзан