• вторник, 24 декември 2024

Кина ги обвини САД за злоупотреба на меѓународното право со пловење низ Тајванскиот теснец

Кина ги обвини САД за злоупотреба на меѓународното право со пловење низ Тајванскиот теснец

Пекинг, 25 јануари 2024 (МИА) – Кина денеска ги обвини САД за злоупотреба на меѓународното право со воени маневри во Западниот Пацифик, откако американски поморски разурнувач помина низ Тајванскиот теснец.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, рече дека активностите на американските воени авиони и воени бродови „на прагот на Кина“ се основната причина за проблемот меѓу двете воени сили.

- САД треба да престанат да го злоупотребуваат меѓународното право, да престанат со секое опасно и провокативно однесување и строго да ги ограничат активностите на војниците на линијата на фронтот, со цел да се избегнат несреќи на море и во воздух, рече тој.

Американскиот поморски разурнувач Ју-Ес-Ес Џон Фин вчера пловел 160 километри низ теснецот што ја дели Кина од Тајван.

САД соопштија дека нивните активности се во согласност со меѓународните закони кои гарантираат слобода на пловидба.

- Ниту еден член на меѓународната заедница не треба да биде заплашуван или принуден да се откаже од своите права и слободи, се вели во соопштението на седмата флота на американската морнарица за транзитот на Џон Фин низ теснецот.

Кина се согласи да ги обнови воените контакти со САД минатиот ноември делумно за да можат страните да спречат случајни судири или други инциденти за време на воени вежби или патроли во води на регионални жаришта. јт/

Фото: Морнарица на САД

 

Остани поврзан