• среда, 20 ноември 2024

Ким Јо-јонг ги предупреди САД да не прават проблеми

Ким Јо-јонг ги предупреди САД да не прават проблеми
Пјонгјанг, 16 март 2021 (МИА) - Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-јонг ги предупреди САД да не создаваат проблеми. Нејзиното предупредување е во време кога американскиот претседателот Џо Бајден се подготвува да ја утврди политика кон Северна Кореја, јави Би-Би-Си. - Мал совет до новата американска администрација, која се обидува да го шири мирисот на барут преку океанот до нашата земја. Ако сака мирно да спиете  во следните четири години, подобро е да се воздржите од создавање проблеми уште на првиот чекор, изјави Ким Јо-јонг за севернокорејскиот весник Родонг Шинмун. Ким Јо-јонг ги критикуваше и заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја. Нејзината изјава е еден ден пред пристигнувањето на високи американски претставници во главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Администрацијата на САД соопшти дека со недели работи на воспоставување дипломатски контакт со Северна Кореја. Пјонгјанг се уште не го призна Бајден за нов претседател на САД. А, продолжува и спорот помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг за севернокорејската  нуклеарна и балистичка програма. ми/  

Остани поврзан