• понеделник, 23 декември 2024

Ким најави обновување на комуникацијата со Јужна Кореја

Ким најави обновување на комуникацијата со Јужна Кореја
Пјонгјанг, 30 септември 2021 (МИА) - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најави дека ќе ја обнови меѓукорејската „жешка линија“. Комуникацијата помеѓу Северна и Јужна Кореја е обновена во јули по 13-месечен прекин, но Пјонгјанг не учествуваше во редовните разговори со Сеул од август, кога Јужна Кореја и САД одржаа воени вежби. Ким на годишната седница на Парламентот ги обвини САД дека предлагаат разговори, но не ја менуваат својата „непријателска политика“ кон Северна Кореја. - САД пропагираат дипломатско ангажирање, но тоа е само обичен трик за замајување на меѓународната заедница и криење на нивните непријателски акции и продолжување на непријателската политика на новата американска администрација, посочи Ким. Тој додаде дека го известил Сеул за повторно воспоставување на  комуникациската врска. - Дали внатрекорејските односи ќе бидат обновени или ќе се влоши сегашната ситуација зависи од ставот на јужнокорејските власти, наведе Ким. Тој додаде дека Пјонгјанг „нема ниту цел ниту причина да ја провицра Јужна Кореја, а нема ниту намера да и наштети“. ми/

Остани поврзан