• петок, 22 ноември 2024

Кимих: Нема поголема чест од играњето во ЛШ

Кимих: Нема поголема чест од играњето во ЛШ
Лисабон, 23 август 2020 (МИА) - Фудбалерот на Баерн, Џошуа Кимих изјави дека неговиот тим сака да ја искористи можноста што им е дадена со пласманот во финалето на Лигата на шампионите и ќе дадат се од себе за да го освојат трофејот. - Нема поголема чест од играњето на ова ниво. Како дете, секогаш уживате да ја гледате ЛШ. Имаме огромна можност да ги оствариме желбите. Ова е прва можност за оваа генерација и ќе дадеме се од себе да го кренеме трофејот. Очекувам изедначен натпревар. Ова се два клуба кои заслужуваат да играат во финалето, рече Кимих. Тој рече дека е подготвен за дуели со Нејмар и Килијан Мбапе, кои ќе бидат негови директни ривали на позицијата десен бек што игра. Кимих изјави дека екипата на Баерн значително се променила во однос на пред три години, кога последен пат се сретнале со Пари Сен Жермен и дека тие дуели не треба да се споредуваат со утрешните.

Тагови

Остани поврзан