• четврток, 21 ноември 2024

Кикиљас: Денеска имавме 81 пожар

Кикиљас: Денеска имавме 81 пожар

Атина, 17 јули 2023 (МИА) – Денеска дали од невнимание, дали од криминална небрежност или од потпалување имавме 81 пожар, од кои четири сериозни, истакна вечерва министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за денешните пожари во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. 

Објасни дека во четирите големи пожари интервенирале вкупно 544 пожарникари со 198 возила, а од воздух периодично гаснењето било со 23 авиони 18 хеликоптери и посочи дека за еден од пожарите уапсени се две лица.

Кикиљас истакна дека „климатската криза е тука, пожари имаше, имаме и ќе имаме“, а државниот механизам прави сè што е можно за справување.

Паралелно соопшти дека обезбедено е сместување во хотели за оние чии домови изгореа или претрпеа материјална штета.

Дополнително, упати апел граѓаните да бидат внимателни и во текот на утрешниот ден.

Во Грција активни се три пожари на три различни локации, еден во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што изгореа голем број домови, другиот на Пелопонез во близина на Коринт и третиот во областа Виотија во централна Грција. ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан