Киелини поради повреда надвор од терените неколку недели
- Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини ќе пропушти неколку недели поради повреда, објави е на официјалниот сајт на торинскиот клуб.

Торино, 8 февруари 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини ќе пропушти неколку недели поради повреда, објави е на официјалниот сајт на торинскиот клуб.
Лекарскиот преглед открил повреда на левата нога на 37-годишен Италијанец.
Ветеранот оваа сезона одигра 16 натпревари за Јувентус.
Договорот на Киелини со „Старата дама“ е со важност до 30 јуни 2023 година.
По 24 кола воиИталијанската Серија А, Јувентус освои 45 бода и е четврти во поредокот со осум бода помалку од лидерот Интер. зс/