Киев: Шест цивили загинаа во новите руски напади врз Украина
- Најмалку шест цивили се убиени, а 15 се повредени во руските напади врз повеќе украински региони во последните 24 часа, соопштија локалните власти.
Киев, 13 август 2025 (МИА) - Најмалку шест цивили се убиени, а 15 се повредени во руските напади врз повеќе украински региони во последните 24 часа, соопштија локалните власти.
Украинските воздушни сили утрово објавија дека Русија ноќеска лансирала 51 дрон и ракета врз цели во Украина.
Во Херсонската област, една личност загинала, а четири се повредени во напади врз станбени зони, соопшти гувернерот Олександр Прокудин. Во одвоени утрински напади во Чорнобаивка и Берислав биле убиени уште три лица.
Две лица загинале во Донецката област, а едно во Запорожје. ссм/
фото: архива