• петок, 02 јануари 2026

Киев објави официјална статистика за бројот на руски ракети, дронови и авионски бомби употребени врз Украина во 2025 година

Киев објави официјална статистика за бројот на руски ракети, дронови и авионски бомби употребени врз Украина во 2025 година

Киев, 2 јануари 2026 (МИА) – Украинските власти објавија официјална статистика за бројот на руски ракети, дронови и авионски бомби употребени врз Украина во 2025 година.

Украинската противвоздушна одбрана не успеала да собори ниту една од истреланите осум ракети Оникс и Циркон. Исто така украинската ПВО не соборила 22 тешки ракети Х-22 и Х-32 лансирани од воздух.

Најголем проблем според украинската одбрана биле така наречените лизгачки бомби. Врз Украина биле истрелани 44.782 такви бомби, а пресретнати биле само 22.

Исто така, украинската ПВО не соборила ниту една од 221 наведувачки ракетни системи С-300, користени за копнени цели.

Украина тврди дека од 105 лансирани ракети Кинџал биле пресретнати 37. Додека од истреланите 653 балистички ракети Искендер било соборени 143.

Според аналитичарите, Кинџал и Искендер се таквиот тип на оружје што е тешко да бидат пресретнато.

Русија врз Украина истрелала 54.593 дрона Геран-2 и Гербера, а соборени се околу 47.000.

Аналитичарите се сомневаат во украинската успешност за пресретнување и соборување на беспилотни летало поради погодените цели. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан