Кид: Томпсон останува суперѕвезда, иден член на „Куќа на славните“
- Тренерот на Далас маверикс, Џејсон Кид не е загрижен за слабите игри на Клеј Томпсон во претсезонските натпревари во НБА.
Далас, 16 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Далас маверикс, Џејсон Кид не е загрижен за слабите игри на Клеј Томпсон во претсезонските натпревари во НБА.
- Клеј останува суперѕвезда, иден член на Куќа на славните и тој ја игра кошарката на вистински начин. Работи многу напорно и сака да учествува на секој тренинг, дури и во својата 14-та сезона. Ова е нов систем за него, но тој го прифати. Неговото шутерско, лидерско и шампионско искуство се она што ни треба и тој е подготвен за нов предизвик оваа сезона. Претсезона е. Тој си го пробива патот со новиот тим и во одбрана и во напад. Треба да бидеме трпеливи и да продолжиме да работиме, изјави Кид.
Во два претсезонски натпревари, Томпсон имаше просек од 5 поени, 2 скока и 2 асистенции со шут од поле 16,7% и 27,3% за тројка. зс/
Фото: ЕПА