• петок, 06 септември 2024

Киднапиран градоначалник во Мексико неколку недели пред преземање на функцијата

Киднапиран градоначалник во Мексико неколку недели пред преземање на функцијата

Мексико Сити, 6 септември 2024 (МИА) - Новоизбраниот градоначалник Анибал Роблеро Кастило е киднапиран во јужната мексиканска држава Чијапас само неколку недели пред да ја преземе функцијата, јави ДПА.

Властите синоќа соопштија дека започнале истрага за откривање на неговата локација. Според медиумските извештаи, вооружени лица го киднапирале Анибал Роблеро Кастило во вторникот пред едно кафуле во Тустла Гутиерез, главниот град на Чијапас.

Точните мотиви зад инцидентот засега не се познати.

На социјалните мрежи кружат видеа кои го прикажуваат моментот на киднапирањето на 54-годишниот градоначалник.

Кастило треба да ја преземе функцијата во Фронтера Комалапа на 1 октомври. Општината, со население од околу 67.000 жители, се наоѓа во близина на границата со Гватемала, област каде што два картели за дрога се борат за рути за шверц на дрога и мигранти.

Регионот бележи зголемено насилство, а многу селани ги напуштаат своите заедници во последните месеци.ссм/

фото: архива

Остани поврзан