• петок, 22 ноември 2024

„КИА“ претстави ново издание на својот најмал модел „Пиканто“

„КИА“ претстави ново издание на својот најмал модел „Пиканто“

Сеул, 5 јули 2023 (МИА) - Јужнокорејскиот производител на автомобили „КИА“ го претстави новото издание на својот најмал модел, којшто според многумина, е најсооодветен за градско возење. Се работи за четвртата генерација на возилото „Пиканто“.

Новиот автомобил, патем, нуди пакети „ГТ-Лајн“, со малку видоизменета каросерија инспирирана од моделот „Ниро“, како и нов дизајн на предните и задните ЛЕД-светла. Moжеби најдобриот пакет, сепак, доаѓа со алуминиумски бандажи од 40 сантиметри.

Во новата кабина централното место го зазема 20-сантиметарската контролна табла, а впечатлива е и дигиталната инструмент-табла, како и подвижниот покрив.

Новото „Пиканто“ има еднолитарски трицилиндричен или 1,2-литарски четирицилиндричен атмосферски бензински мотори, чии спецификации сѐ уште не се објавени, а за преносот на силата е предвиден рачен 5-брзински менувач.  си/сд/

Фото: „КИА“.

Остани поврзан