• недела, 22 декември 2024

Кејн: Поразот во финалето на ЕП 2020 беше тежок, но ни помага да го имаме вистинскиот начин на размислување сега

Кејн: Поразот во финалето на ЕП 2020 беше тежок, но ни помага да го имаме вистинскиот начин на размислување сега

Берлин, 14 јули 2024 (МИА) – Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн ги спореди Евро 2020 и Евро 2024 година.

- Финалето на Европското првенство 2020 беше, се разбира, тешко. Но, поразот ни овозможува да влеземе во вистинскиот начин на размислување, особено за играчите кои беа во тој тим. Пред се мислам на реакцијата во медиумите и сета оваа возбуда. Ова искоуство ни помогна да се остане смирен, изјави Кејн за сајтот на УЕФА.

Во финалето на Евро 2020, селекцијата на Англија загуби од Италија во пенал рулетот (1:1, 2:3 по пенали). 

Избраниците на Герет Саутгејт вечер од 21 часот во Берлин ќе играат против Шпанија во финалето на Евро 2024. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан