• петок, 14 февруари 2025

Кејн: Иднината е пред мене, очекувам да играм до 40 години

Кејн: Иднината е пред мене, очекувам да играм до 40 години

Минхен, 14 февруари 2025 (МИА) - Хари Кејн (31) планира да остане уште долго во фудбалот.

Напаѓачот веќе втора сезона е во Баерн Минхен, каде продолжува да постигнува гол по гол. Сепак, тој се уште нема освоено трофеј.

Англискиот репрезентативец сепак е амбициозен долго да остане во најпопуларната игра на светот.

-Ако сè одеднаш престане утре, не би бил задоволен со она што го постигнав досега. Има уште толку многу работи што треба да се постигнат. Се чувствувам одлично, на одлично место сум и имам уште многу години пред мене, во кои ќе се предизвикувам да станам се подобар и подобар. Претпоставувам дека сè уште ќе играм на околу 40 години, бидејќи многу го сакам фудбалот, рече тој во интервју за „Сокер Бајбл“ .

Вели дека е горд на досегашната кариера, но иднината е пред него.

-Цврсто стојам на земја, постојано размислувам за иднината. Кога соборувам рекорд, никогаш не дозволувам да живеам само од тој спомен. Секогаш се прашувам себеси: „Што повеќе можам да направам, како можам да станам подобар?“. Така размислував во текот на целата моја кариера и мислам дека вака ќе биде до моментот кога ќе се откажам, порача репрезентативецот на „гордиот албион“. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан