• четврток, 20 февруари 2025

Кеш Пател чекор поблиску до директорската функција во ФБИ

Кеш Пател чекор поблиску до директорската функција во ФБИ

Вашингтон, 19 февруари 2025 (МИА) - Сенатот на САД го одобри напредувањето на номинацијата на Кеш Пател за директор на Федералното истражно биро (ФБИ).

Гласањето заврши со 48 гласа „за“ и 45 „против“, по партиска линија, во процедура што му претходи на конечното одобрување, кое се очекува до крајот на оваа недела.

Пател, поранешен функционер во Министерството за одбрана за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп, повика на радикално преструктурирање на ФБИ, ветувајќи дека ќе ги засили акциите на агенцијата против илегалната имиграција и насилниот криминал – приоритети во новиот мандат на Трамп.

Тој беше меѓу најгласните критичари на ФБИ во врска со истрагите против Трамп, кои опфатија теми од руското мешање во изборите во 2016 година, преку задржувањето доверливи документи во имотот на Трамп на Флорида, до неговите обиди да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година, кои ги загуби од демократот Џо Бајден. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан