• понеделник, 23 декември 2024

Керол и Манкиљо повторно потпишаа со Њукасл

Керол и Манкиљо повторно потпишаа со Њукасл
Њукасл, 25 јуни 2020 (МИА) - Њукасл ги продолжи договорите на двајца фудбалери, објавија од англискиот фудбалски клуб. Дефанзивецот Хавиер Манкиљо ќе остане во тимот уште четири години, а напаѓачот Енди Керол уште една сезона. Дваесети шест-годишниот шпански дефанзивец има одиграно 15 натпревари за Њукасл оваа сезона, а 31-годишниот Керол има 3 асистенции на 14 натпревари. Роб Елиот, Џејми Стери и Џек Колбек пак, ќе заминат, откако истекуваат нивните договори.

Тагови

Остани поврзан