• петок, 12 јули 2024

Кепа се враќа во Реал Мадрид, доколку Лунин замине

Кепа се враќа во Реал Мадрид, доколку Лунин замине

Мадрид, 12 јули 2024 (МИА) - Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, кој минатата сезона играше како позајмен во Реал Мадрид, би можел трајно да му се приклучи на шпанскиот клуб, пренесува „Марка“.

Според изворот, Реал ќе се сврти кон Кепа доколку голманот Андриј Лунин реши да го напушти тимот. 29-годишниот Шпанец отфрли профитабилна понуда од Ал-Итихад додека чекаше разврска на ситуацијата.

Тимот од Мадрид го привлече Кепа на позајмица од Челси во август минатата година. Во сезоната 2023/24, голманот одигра 20 натпревари за „кралскиот клуб“, дозволи 18 голови и ја задржа 9 пати мрежата „сува“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан