• четврток, 20 март 2025

Кенда и Есуго од Спортинг во Челзи

Кенда и Есуго од Спортинг во Челзи


Лисабон, 20 март 2025 (МИА) – Фудбалерите на португалски Спортинг, Џовани Кенда и Дарио Есуго потпишаа повеќегодишни договори со Челзи во два трансфери вредни повеќе од 74 милиони евра.
Како што соопшти клубот од Лисабон, 17-годишното десно крило Кенда ќе остане позајмен во Спортинг до крајот на сезоната 2025/2026, а трансферот е вреден 52,1 милион евра, со можност преку бонуси да се исплатат дополнителни 1,3 милиони евра.
Дефанзивниот играч за врска Есуго (20) ќе се пресели во Челзи ова лето, откако ќе му истече позајмицата во Лас Палмас.
Неговиот трансфер е во вредност од 22,2 милиони евра. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан