• сабота, 18 мај 2024

Кемба Вокер: Селтикси мора да играат повеќе борбено

Кемба Вокер: Селтикси мора да играат повеќе борбено
Бостон, 15 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарот на Бостон, Кемба Вокер, по синоќешниот пораз од Вашингтон (91:104), побара поголема ангажираност од своите соиграчи. - Селтикси мора да играат повеќе борбено. Не играме доволно силно. Ние не го даваме најдоброто што можеме. Кога се трудите, се случуваат добри работи. Во моментов, на нашата игра и недостасува стабилност. Ќе го гледаме видеото и ќе извлечеме заклучоци од нашите грешки. Мора да се подобриме, изјави Вокер. Бостон со биланс 13 победи и 13 порази се наоѓа на 5.место во поредокот на Источната конференција од НБА лигата. зс/

Остани поврзан