Кемба Вокер го пропушта остатокот од сезоната
- Раководството на Њујорк објави дека нивниот кошаркар Кемба Вокер нема да игра за тимот до крајот на сезоната 2021/22.
Њујорк, 24 февруари 2022 (МИА) – Раководството на Њујорк објави дека нивниот кошаркар Кемба Вокер нема да игра за тимот до крајот на сезоната 2021/22.
- Целосно ја поддржуваме одлуката на Кемба да престане да тренира до крајот на сезоната и да го искористи тоа време за да се подготви за следната сезона. Долгорочниот успех на Вокер на теренот останува наш главен приоритет, се вели во соопштението на Никс.
Вокер му се приклучи на Њујорк во летото 2021 година како слободен агент, потпишувајќи двегодишен договор со тимот.
Триесет и едногодишниот Американец оваа сезона одигра 37 натпревари за Њујорк никс, со просек од 11,6 поени, 3,5 асистенции и 3,0 скока по натпревар. зс/