• недела, 22 декември 2024

Келн го отпушти тренерот Гиздол

Келн го отпушти тренерот Гиздол
Келн, 12 април 2021 (МИА) - Маркус Гиздол е разрешен од функцијата главен тренер на Келн. Управата на клубот одлучи да му врачи отказ на 51-годишниот фудбалски стручњак по вчерашниот пораз од Мајнц (2:3) во 28. коло од Бундеслигата. Келн нема победа во германската лига на осум натпревари по ред (шест порази, две нерешени средби). Тимот, кој освои 23 бода на 28 натпревари, е во зоната за испаѓање - на претпоследното, 17-то место во поредокот. Гиздол беше тренер на Келн од ноември 2019 година. зс/

Остани поврзан