• четврток, 19 декември 2024

Кварацхелија не кажува дали ќе го напушти Наполи

Кварацхелија не кажува дали ќе го напушти Наполи

Дортмунд, 19 јуни 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Наполи и грузиската репрезентација Квича Кварацхелија даде изјава за својата иднина.

- Се чувствувам добро, фокусиран сум само на Европското првенство и давам максимум. Ќе донесам одлука за мојата иднина по натпреварувањето, но сега не размислувам за ништо друго освен за овој турнир и сегашноста, изјави Кварацхелија за „Sky Sport Italia“.

Тој сака да го напушти Наполи и да се приклучи на Пари Сен-Жермен кој понуди 100 милиони за трансфер на грузиецот.

Минатата сезона, 23-годишниот Кварацхелија одигра 45 натпревари за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола и постигна девет асистенции. Неговиот договор со „наполитанците“ е до летото 2027 година.

Грузиската репрезентација на ЕП 2024 игра во група со Турција, Португалија и Чешка. Во првото коло загуби од Турција со 3:1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан