Квалификации ЛШ во футсал: Втора победа на Форца
- Македонскиот првак Форца ја извојува втората победа во прелиминарната рунда во Лигата на шампиони во футсал, откако синоќа триумфираше над Мурата од Сан Марино со 1-0 во рамки на второто коло од квалификацискиот турнир во групата А што се одржува во Куманово.
Куманово, 29 август 2025 (МИА) – Македонскиот првак Форца ја извојува втората победа во прелиминарната рунда во Лигата на шампиони во футсал, откако синоќа триумфираше над Мурата од Сан Марино со 1-0 во рамки на второто коло од квалификацискиот турнир во групата А што се одржува во Куманово.
Форца ја обезбеди победата со голот Еркан Сефери во 21 минута.
По двете воведни кола, Форца е лидер на табелата со максимални шест бодови, пред завршното коло в сабота во кое противник ќе го има шампионот на Ерменија, Ереван.
Пласман во главната квалификациска рунда ќе обезбеди само првопласираната екипа.
Табела; Форца 6, Ереван 3, Мурата 3, Енкамп 0.ег
ФОТО: МИА