• четврток, 18 јули 2024

Кај гевгелиско Прдејци пронајдени седум лица мигранти, приведени двајца криумчари

Кај гевгелиско Прдејци пронајдени седум лица мигранти, приведени двајца криумчари

Скопје, 2 ноември 2023 (МИА) - На влез во гевгелиското село Прдејци, рано утрово околу 01:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода З.Г. (20) и Д.М.(19), двајцата од Косово бидејќи во возилото со кое се превезувале биле пронајдени мигранти.

- При контрола во возилото „фолксваген туран“ со косовска национална ознака, кое го управува З.Г., а сопатник бил Д.М., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, соопштија денеска од МВР.

Тие биле задржани во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/бак/

Фото:МИА архива

Остани поврзан