• вторник, 25 јуни 2024

Кајри Ирвинг потпиша петгодишен договор со АНТА

Кајри Ирвинг потпиша петгодишен договор со АНТА

Далас, 12 јули 2023 (МИА) – Плејмејкерот на Далас маверикс, Кајри Ирвинг потпиша 5-годишен договор со кинескиот производител на спортска опрема АНТА, информира инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Чаранија.

 

Висината на зделката не беше објавена. Но, се известува дека Ирвинг ќе добие „уникатна позиција“ на креативен директор и ќе може да привлече и потпише други играчи.

 

Минатата сезона, Ирвинг загуби 14 милиони долари годишно договор со „Најки“ затоа што одби да се извини што објави линк до антисемитски филм на неговите социјални мрежи.

 

Во јули 2023 година, Ирвинг потпиша тригодишен договор со Далас вреден 126 милиони долари. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан