• среда, 08 мај 2024

Каја Калас: Путин се плаши од војна со НАТО

Каја Калас: Путин се плаши од војна со НАТО

Киев, 17 март 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја заплаши западната јавност за да ги ограничи нивните влади, но тој всушност се плаши од вистинска војна со сојузниците во НАТО, изјави естонската премиерка Каја Калас во интервју за Би-Би-Си, цитирана од Укринформ.

Според Калас, иако Путин е добар во „сеење страв“ и неговите закани треба да се сфатат „сериозно“, треба да се види и од што тој се плаши.

- Тој долго време се заканува со нуклеарна војна. Но, тоа беа само зборови. Тој е многу добар во сеење страв во нашите општества и слуша од што се плашиме. Мораме да размислиме и од што се плаши Путин. Всушност, тој се плаши од започнување војна со земјите од НАТО. Тој не го сака тоа. А, се разбира, не го сакаме ниту ние“, изјави Калас.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан