• петок, 22 ноември 2024

Каја Калас поднесе оставка од функцијата премиерка на Естонија

Каја Калас поднесе оставка од функцијата премиерка на Естонија

Талин, 15 јули 2024 (МИА) - Премиерката на Естонија Каја Калас денеска поднесе оставка од функцијата.

Оставката ја поднесе до претседателот Алар Карис,откако беше номинирана за висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, пишува естонскиот портал EРР. Се наведува дека кон крајот на летото Калас ќе поднесе оставка и од функцијата претседател на Реформската партија.

Калас е премиерка на Естонија од 2021 година и предводеше три последователни влади.

Како што е наведено, во тек се преговори меѓу Реформската партија, СДЕ, Еести 200 за продолжување на актуелната владејачка коалиција, а овие преговори во име на реформистите ги води Кристен Михал, кој е предложен за претседател на Реформската партија.

Според процедурата, претседателот Карис ќе разговара со партиите, а потоа ќе го додели мандатот.

Новата влада треба да биде избрана на почетокот на август. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан