• четврток, 26 март 2026

Кац: Израел нема намера да дозволи продолжување на протокот на хуманитарна помош кон Појасот Газа

Кац: Израел нема намера да дозволи продолжување на протокот на хуманитарна помош кон Појасот Газа

Тел Авив, 16 април (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави денеска дека Израел во моментов нема намера да дозволи продолжување на протокот на хуманитарна помош кон Појасот Газа.

„Политиката на Израел е јасна и никаква хуманитарна помош нема да влезе во Газа“, рече Кац, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој посочи дека спречувањето на помошта да влезе во Газа е „една од главните алатки“ за притисок врз Хамас, „покрај другите чекори што Израел ги презема“. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан