• недела, 22 декември 2024

Кацин: Во Словенија до крајот на јуни ќе биде вакцинирано половина население

Кацин: Во Словенија до крајот на јуни ќе биде вакцинирано половина население
Љубљана, 3 март 2021 (МИА) - Координаторот на процесот за вакцинација во Словенија, Јелко Кацин денеска изјави дека до крајот на јуни половина од населението треба да се вакцинира. Кацин изјави дека словенечката Влада има поголеми амбиции и дека очекуваат Европската агенција за лекови следната недела да ги одобри вакцините на „Џонсон и Џонсон“. Тој посети неколку места за вакцинација во Љубљана, Жалец и Целје. - Очекуваме да добиеме повеќе од 24.000 дози вакцина од „АстраЗенека“. Вакцинацијата на просветните работници може да започне следната недела. Оние кои ќе се вакцинираат следната недела ќе бидат заштитени до Божик, бидејќи „АстраЗенека“ штити девет месеци, рече Кацин. Тој најави дека во март ќе пристигнат вкупно 100.000 вакцини „АстраЗенека“, повеќе од 30.000 вакцини на „Модерна“ и околу 100.000 вакцини на „Фајзер/Бионтек“. паг/

Остани поврзан