• недела, 22 декември 2024

Кац: Израел ќе ја продолжи воената операција во Појасот Газа додека не го уништи Хамас

Кац: Израел ќе ја продолжи воената операција во Појасот Газа додека не го уништи Хамас

Тел Авив, 26 март 2024 (МИА) - Израел нема да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа и ќе продолжи да се бори додека не го уништи Хамас и не ги врати сите заложници кои ги држи таа палестинска милитантна група, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, откако Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара прекин на огнот во палестинската енклава до крајот на месецот Рамазан.

„Државата Израел нема да го прекине огнот. Ќе го уништиме Хамас и ќе ја продолжиме борбата додека последните киднапирани не се вратат дома“, напиша Кац на платформата X.

Советот за безбедност на ОН во понеделникот усвои резолуција со која бара прекин на огнот во Појасот Газа за време на Рамазан. За документот гласаа 14 членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ги Русија, Кина, Велика Британија и Франција, а само САД беа воздржани. САД објавија дека се воздржани бидејќи резолуцијата, меѓу другото, не го осудува Хамас. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан