• четврток, 09 мај 2024

Катар со три пенали ја одбрани титулата азиски фудбалски првак

Катар со три пенали ја одбрани титулата азиски фудбалски првак

 

Лусаил, 10 февруари 2024 (МИА) – Домаќинот на азискиот фудбалски Куп Катар ја одбрани континенталната титула, совладувајќи го вечерва пред своите гледачи Јордан со 3-1 во финалниот натпревар во Лусаил.

До својата втора азиска титула во историјата Катар дојде реализирајќи дури три пенали, а троен стрелец беше Акрим Афиф, биејќи прецизно од белата точка во 26 и 73 минута, како и во судиското продолжение (90+11).

Единствениот гол за Јордан го постигна Јазан Ал Најмат во 67 минута.

Со триумфот Катар ја одбрани азиската титула која прв пат ја освои на последното издание во 2019 година, кога во битката за трофејот ја совлада Јапонија. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан