Катар последен полуфиналист на Азискиот фудбалски куп
- Репрезентацијата на Катар е последен учесник во полуфиналето на Азискиот фудбалски куп. Катарците кои се домаќини на турнирот вечерва во Ал Хор го совладаа Узбекистан на пенали во четвртфиналето.

Ал Хор, 3 февруари 2024 (МИА) – Репрезентацијата на Катар е последен учесник во полуфиналето на Азискиот фудбалски куп. Катарците кои се домаќини на турнирот вечерва во Ал Хор го совладаа Узбекистан на пенали во четвртфиналето.
По основните 90 минути и дополнителните 30 минути резултатот беше нерешен 1:1.
Во пенал-серијата Катар реализира три, а Узбекистан два удара од 11 метри.
Во полуфиналето Катар ќе се сретне со Иран кој денес ја победи Јапонија (2:1). Првото полуфинале го сочинуваат Јордан и Јужна Кореја.
Полуфиналињата ќе се играат на 6 и на 7 февруари. зс/
Фото: Фејсбук