• сабота, 10 август 2024

Катар бара итна истрага за израелскиот напад врз училиште во Газа

Катар бара итна истрага за израелскиот напад врз училиште во Газа

Доха, 10 август 2024 (МИА) - Катар, посредник во конфликтот меѓу Израел и Хамас во Газа, денеска побара итна истрага по денешниот израелски напад врз училиште во кое се сместени раселени Палестинци и во кој загинаа над 100 луѓе.

Министерството за надворешни работи соопшти дека го обновува „барањето на заливскиот емират за итна меѓународна истрага, вклучително и испраќање независни истражители на ОН, за да се утврдат фактите во врска со континуираното таргетирање училишта и засолништа за раселените лица од страна на израелските окупаторски сили“.зш/

Остани поврзан