• вторник, 14 мај 2024

Катарско МНР: Ослободувањето на заложничките е по денови континуирана комуникација со сите страни

Катарско МНР: Ослободувањето на заложничките е по денови континуирана комуникација со сите страни

Доха, 20 октомври 2023 (МИА) - Ослободувањето на американските заложнички од Газа доаѓа „по многу дена континуирана комуникација“ со сите страни, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи.

Катар се надева дека дијалогот ќе доведе до „ослободување на сите цивилни заложници од секоја националност“, додаде портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мајед ал-Ансари.

Американскиот претседател им се заблагодари на владите на Катар и Израел за нивното партнерство во обезбедувањето ослободување на двајцата американски заложници.

„Денеска, обезбедивме ослободување на двајца Американци земени како заложници од Хамас за време на ужасниот терористички напад врз Израел на 7 октомври...Јас сум пресреќен што наскоро ќе се обединат со нивните семејства“, нагласи Бајден.

Израелската влада соопшти дека двете американски заложнички чие ослободување Хамас го објави претходно денеска пристигнале во Израел.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека двете жени, Џудит Тај Раанан и Натали Шошана Раанан, „се ослободени од терористичката организација Хамас и се на пат кон воен камп каде што ги чекаат членовите на нивните семејства“.  зш/
фото ЕПА

Остани поврзан