• среда, 17 јули 2024

Касемиро и Васкез ќе го пропуштат натпреварот на Реал Мадрид со Гранада поради стомачен вирус

Касемиро и Васкез ќе го пропуштат натпреварот на Реал Мадрид со Гранада поради стомачен вирус
Мадрид, 6 февруари 2022 (МИА) - Реал Мадрид ќе биде ослабен на вечерашниот меч со Гранада во 23. коло во Шпанското фудбалско првенство. Играчот од средниот ред Касемиро и дефанзивецот Лукас Васкез нема да бидат во тимот од Мадрид поради гастроентеритис. Касемиро (29) оваа сезона одигра 20 натпревари во Примера, креирајќи три асистенции. Триесетгодишниот Васкез има 17 првенствени натпревари оваа сезона и постигнато еден гол. Натпреварот помеѓу Реал и Гранада ќе започне во 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. зс/

Остани поврзан