Касаноф во Тирана: Значајна е транспарентноста во правосудните реформи, СПАК најдоверливата институција во Албанија
- Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф, кој денеска престојува во Тирана, на средбата со премиерот Еди Рама, оценил дека транспарентноста во правосудните реформи е многу значајна, повторувајќи дека „СПАК е нај доверливата институција во Албанија“
Тирана, 19 декември 2024 (МИА) - Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф, кој денеска престојува во Тирана, на средбата со премиерот Еди Рама, оценил дека транспарентноста во правосудните реформи е многу значајна, повторувајќи дека „СПАК е нај доверливата институција во Албанија“
„Заменик-помошникот државен секретар Александар Касаноф и премиерот Еди Рама се сретнаа денеска за да разговараат за силното американско-албанско партнерство и поддршката на Албанија за клучните мултилатерални прашања, потврдувајќи ја нивната посветеност за постигнување заеднички цели. Тие разговараа за напредокот на Албанија кон интеграцијата во ЕУ, значењето на транспарентноста во реформите во правосудството и зајакнувањето на антикорупциските напори. Тој го повтори ставот дека СПАК е нај доверливата институција во Албанија, стои во објавата на американската амбасада, објавија медиумите.
Касаноф, денеска присуствуваше на свеченоста по повод петгодишнината од формирањето на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корпција, СПАК, каде што оцени дека „ова е нај доверливата јавна институција во Албанија“, која прави „најуспешни напори против организираниот криминал и корупцијата во албанската историја“.
-Вашите дела, апсења, кривични постапки и казните, против оние кои некогаш беа недопирливи, зборуваат многу. Вашата работа влева доверба дека доказите ќе се следат во рамките на законот, без разлика каде и до кого водат истрагите. Никој не е над законот, рекол Касаноф.
Затоа, нагласил, дека мора да се обезбеди „континуитет на оваа борба без прекин“, препорачувајќи дека на обвинителите на СПАК мора да им се дозволи повторно да аплицираат по завршувањето на нивниот сегашен мандат. Додал дека, доколку не се постигне ова „постои опасност да се наруши оваа борба и ризикува да ги изгубиме најискусните професионалци во оваа област“. вт/
Фото: амбасада на САД-Тирана