• вторник, 14 јануари 2025

Повеќе од 120 цивили загинаа во гранатирање на суданскиот град Омдурман

Повеќе од 120 цивили загинаа во гранатирање на суданскиот град Омдурман

Kартум, 14 јануари 2025 (МИА) - Повеќе од 120 цивили загинаа вчера во гранатирањето на Омдурман, град во непосредна близина на главниот град Картум, соопшти денеска суданската мрежа на доброволци спасувачи, без да прецизира кои се сторителите.

„Нападот на областа Дар ес Салам во западниот дел на Омдурман, кој е во близина на Картум, предизвика смрт на 120 цивили според првичните податоци за жртвите“, соопшти единицата за итни случаи Омбада, која е дел од мрежата волонтери низ целата земја која ја координира помошта.

Спасувачите пријавија сериозен недостиг на медицински материјали, вклучително и лекови за прва помош, и рекоа дека медицинските лица се борат да се грижат за „големиот број повредени“.

Нападите се случуваат во време на интензивирање на борбите меѓу суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) во последните недели по повеќе од 20 месеци војна.

Според агенциите за хуманитарна помош, десетици илјади луѓе загинале во оваа војна, која ја доведе земјата на работ на глад. рп/

Фото: ЕПА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан