• петок, 12 декември 2025

Картум мета на беспилотни летала

Картум мета на беспилотни летала

Картум, 15 октомври 2025 (МИА) – Главниот град на Судан, Картум синоќа беше мета на дронови, изјави неименуван армиски извор, додавајќи оти противвоздушната одбрана соборила поголем број беспилотни летала кои биле насоченби кон армиската база во североисточниот дел на престолнината.

И очевидци од градот Омдураман, кој е лоциран на западниот брег на реката Нил, спроти Картум, наведоа дека синоќа виделе како дроновите прелетуваат над градот и слушнале силни експлозии.

Од април 2023 година во Судан се водат борби за превласт помеѓу суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ). Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.

РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но не се согласи армијата.

РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.

Војната во третата по големина африканска држава предизвика најголемата хуманитарна криза во светот, а од почетокот на конфликтот загинаа десетици илјади луѓе, а повеќе од 14 милиони се раселени. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан