Карлсен светски првак во брз шах
- Поранешниот светски првак во стандарден шах Магнус Карлсен убедливо го надигра Французинот Алиреза Фирузја во Париз и по трет пат ја освои шампионската титула во брз шах.
Париз, 9 септември 2024 (МИА) – Поранешниот светски првак во стандарден шах Магнус Карлсен убедливо го надигра Французинот Алиреза Фирузја во Париз и по трет пат ја освои шампионската титула во брз шах.
Осмото Светско првенство во брз шах се играше во три различни временски сегменти (90 минути со темпо од пет минути за целата партија со една секунда бонус по секој потег, 60 минути со темпо од три минути + една секунда и 30 минути со темпо од една минута + една секунда).
Иако во првата сесија Фирузја водеше со 2,5-1,5, Карлсен направи голем пресврт со четири последователни победи и првиот дел го доби со убедливи 6-3.
Следуваше целосна доминација Карлсен во триминутниот натпревар победи со 8-2, а во игра од една минута целосно го „скрши“ противникот со неверојатни 9,5-2,5, остварувајќи осум последователни победи.
Конечниот резултат гласеше 23,5-7,5 (6-3, 8-2, 9,5-2,5) за трета светска титула во брз шах за норвешкиот велемајстор. ег ФОТО: Фејсбук