• понеделник, 09 септември 2024

Карлсен официјално го одби мечот со Непомњашчим, Лирен на негово место во борбата за шаховска круна

Карлсен официјално го одби мечот со Непомњашчим, Лирен на негово место во борбата за  шаховска круна
Лозана, 31 октомври 2022 (МИА) - Актуелниот светски шампион Магнус Карлсен писмено го потврди своето одбивање да учествува на мечот за светскиот шампионат, во кој треба да се сретне со Русинот Јан Непомњашчим. Велемајсторот Динг Лирен викендов доби официјална покана да учествува на мечот од светското првенство, откако актуелниот светски шампион Магнус Карлсен официјално писмено потврди дека се откажува од правото да учествува на натпреварот и да ја брани титулата, се вели во соопштението на ФИДЕ на социјалните мрежи. Кинезот Динг Лирен заврши на второто место на турнирот за кандидати. Натпреварот помеѓу Непомњашчим и Динг Лирен е предвиден да се одигра во 2023 година. зс/

Остани поврзан