Кари се искачи на 30. место на листата на најдобри стрелци на сите времиња во НБА
- Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари се искачи на 30. место по бројот на постигнати поени во историјата на НБА.

Сан Франциско, 19 март 2024 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари се искачи на 30. место по бројот на постигнати поени во историјата на НБА.
Триесет и шестгодишниот Американец ноќеска на натпреварот со Њујорк никс постигна 27 поени и сега има 23.360.
Кари го престигна Роберт Периш (23.334 поени) и се искачи на 30,место на вечната листа поентери во најсилната кошаркарска лига на светот.
Најдобар стрелец во историјата на НБА е актуелниот играч на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс со 40.179. зс/
Фото: ЕПА