• понеделник, 23 декември 2024

Кари планира да се врати на теренот во март

Кари планира да се врати на теренот во март
Сан Франциско, 19 јануари 2020 (МИА) – Големата НБА ѕвезда, Стеф Кари планира да се врати на теренот на 1 март. На овој ден, Голден Стејт вориорс ќе бидат домаќини на Вашингтон визардс. Двократниот носител на наградата МВП во НБА лигата не игра откако ја скрши левата рака за време на четвртиот натпревар од тековната сезона. Голден Стејт без Кари во составот, како и без уште неколку стандардни играчи од минатите сезони, е далеку од најдобрите екипи оваа сезона. зс/

Остани поврзан